Зоран Заев денеска ја поднел и официјално оставката на претседателското место во СДСМ.

Со тоа, според Статутот, во оставка е и целото раководство на партијата.

Со поднесувањето оставка, Заев ја оствари најавата искажана во неделата вечерта, по дознавањето на резултатите од вториот круг на локалните избори, кога рече дека поднесува оставка од функцијата претседател ан Владата и од функцијата претседател на СДСМ.

За официјалното поднеусвање оставка од премиерското место, во оптек се две шпекулации.

Според првата, Заев оддолговлекува се додека не биде сигурен дека СДСМ ќе го задржи парламентарното мнозинство, а според втората, Заев оддолговлекува пазарејќи се за својата натомашна судбина.