Во изминатите 24 часа во Хрватска како последица од инфекција со коронавирусот починале 50 лица и регистрирани се 7.094 новозаразени, што е рекорден број од почетокот на пандемијата.

Тестирани се 15.498 лица и просекот на новозаразени меѓу тестираните изнесува 45,77 отсто.

Активни се 31.689 случаи, меѓу нив се 1.786 пациенти на болничко лекување, од кои 234 на респиратор, соопштија од хрватскиот штаб за цивилна заштита.

Во изминатите 24 часа во Хрватска се вакцинирани 17.334 лица.

Министерот за здравство, Вили Берош, денеска за Хрватското радио изјави дека Хрватска се наоѓа на врвот од четвртиот бран и дека не знае што ги очекува во наредниот период.