Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за утре во 13 часот во Тетово го свика Генералниот совет на партијата во Тетово на итен состанок, во врска со последните политички случувања.
Се очекува партиското раководство да расправа за тоа кои би биле наредните потези на ДУИ во ситуација кога опоиционите лидери најавија дека ја испраќаат ДУИ во опозиција, а албанските партии во опозицијата како предуслов за било што наведуваат расчистување со криминалот на ДУИ.
Ахмети синоќа порача дека е во консултации со САД, ЕУ и НАТО и дека ќе делува без емоции и еуфорија.
Во меѓувреме, порталот на албански јазик „ин7“ објави дека тројца пратеници од ДУИ преминуваат во новото парламентарно мнозинство.