Премиерот во оставка и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вчера пред сопартијците истакнал дека одложувањето на неговите оставки од лидерската и премиерската функција не значи дека ќе се предомисли од намерата дефинитивно да се повлече и од владата и од партијата, објавува Фокус.
Како што велат за Фокус високи партиски извори, тој посочил дека останува за да не дозволи дестабилизација на парламентарното мнозинство и владата, во пресрет на сериозните предизвици со кои се соочува државата, пред се на надворешно-политички план.
Според нив, Заев истакнал дека многу влијателни меѓународни лидери го контактирале за да го уверат да не се повлекува, вклучително и долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Опширна статија на оваа тема објавува Инфомакс.