„Во длабока енергетска криза сме, и тоа е секаде така“, рече претседателот Стево Пендаровски вечерва на гостувањето во ТВ21 на „Клик Плус“.

Тој ова го кажа кога модераторот на ТВ21 го праша дали планира да ги повика политичарите на разговори посленовата ситуација во земјава.

„Најчестото прашање кое го добивам од обични граѓани е зошто не ги повикам лидерите на партиите. Влезени сме во длабока енерергетска криза, тоа е така насекаде на континентот, ние сме високо енергетски зависни од увоз, нашите домашни капацитети се стари и знаеме колку можат и други работи. Зборувам за енергетска и политичка криза, која ја разнишува довербата на граѓаните.“, изјави Пендаровски.

Претседателот рече дека ќе организира лидерска средба само доколку двете страни имаат по 60 пратеници во парламентот, и не можат да формираат мнозинство ниту едните, ниту другите.

„И да ги повикам, што ќе им кажам? Според Уставот јас не можам да им држам предавање. Кај нас е парламентарен систем, не е претседателски. Можам ако не дај Боже влеземе во пролонгирана криза, претпоставена да двете страни имаат по 60 пратеници, и да ги викнам да им кажам дека мора да се најде решение. Ако се изгласа мнозинство, моите рокови се јасни, 10 дена имам за давање на мандатот. И да нема енергетска криза, премногу време губиме за било која реформа, и уште тоа недостасува да се направи да имаат сите по 60 пратеници. Но тоа би било во подоцнежна фаза, не сега“, изјави Пендаровски.