Македонија ја декласираше Ерманија во Ереван со 5:0.
По водството во првото полувреме од 2:0 на нашата репрезентација, се очекуваше дека во вториот дел ќе бидеме под силен притисок на Ерменците. Но, наместо Ерменците да тргнат кон пресврт, со нови три гола, ние успеавме да ги декласираме Ерменците со неверојатни 5:0.
Головите ги постигнаа: Трајковски во 22 минута, Барди во 36 и 66 минута, Ристовски во 78 минута и повторно Барди во 90 минута.
По оваа победа, можеме силно да жалиме за пропуштените победи и бодови против Исланд и Романија, како и против Ерменија во Скопје кога одигравме само 0:0. Со овие бодови, второто место во групата ќе ни беше гарантирано, а тоа не носеше во бараж за СП во Катар. Вака, иако имаме теоретски шанси, второто место најверојатно ќе и припадне на Романија.