Излезните анкети од претседателските и парламентарните избори во Бугарија покажуваат дека излезноста била 32,9 отсто, соопшти според Агенцијата за истражување Алфа.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за нов мандат Румен Радев 49,1 проценти од граѓаните, а за  Анастас Герџиков – 26,5 отсто, лидерот на МРФ, Мустафа Карадај освоил 9,8 отсто, а независниот кандидат за претседател и шеф на Врховниот касационен суд Лозан Панов добил 5,06 проценти од гласовите.

На парламентарните избори во Бугарија, ГЕРБ на Бојко Борисов освои 24,8 отсто од гласовите, коалицијата Продолжуваме со промената на двајцата поранешни министри од преодната влада освои 24,1, БСП на Корнелија Нинова освои 13,7, ДПС – 10,7, -партијата на Слави Трифонов Има таков народ освои 7,8, Демократска Бугарија на Христо Иванов доби 7,8 проценти од гласовите.

Според Галуп и Тренд, Продолжуваме со промената победи на парламентарните избори, а следниот претседател на Бугарија ќе биде избран во вториот круг на 21 ноември. Во 47. Народно собрание најверојатно ќе има пратеници од седум партии.

Победникот на парламентарните избори повторно нема апсолутно мнозинство, покажуваат резултатите од излезните анкети на агенциите Галуп и Тренд.

Ниту еден од кандидатите за претседател не успеа да ги добие потребните гласови и битката ќе се решава во вториот круг. Ќе се соочат актуелниот шеф на државата Румен Радев и предложениот од иницијативниот одбор проф. Анастас Герџиков. Во моментов разликата меѓу нив е 24,3 проценти во корист на Радев, кој освои 49,3 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат – 25 проценти.