Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во Атина ќе се сретнат со домашниот АЕК со што ги продолжуваат натпреварите од ЕХФ ракометната Лига Европа.

Битолчани со нескриен оптимизам отпатуваа за Грција и со желба за ново спортско изненадување на гостински терен.

– АЕК е квалитетен тим, а потврда за тоа се досегашните одлични резултати. Во Атина допатувавме за да победиме и тоа е нашиот најголем мотив. Според нашите анализи тие негуваат брз ракомет и без калкулирање, но ќе докажеме дека сме подобри од нив и ќе ги победиме, изјави во пресрет на вечерашниот натпревар во Атина, Марко Кизиќ, чувар на мрежата на македонскиот вицешампион.

Средбата меѓу АЕК и Еурофарм Пелистер почнува во 18.45 часот, а ќе ја судат француските арбитри Пишон и Ревеје.