Откако австриската Влада го прогласи четвртото национално заклучување, на прес-конференција е најавено дека по воведувањето на задолжителната вакцинација ќе бидат објавени казни за непочитување на новата обврска.
Предлог-законот, на кој работи австриското Министерство за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинација да бидат казнети со 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.500 евра за одбивање на третата доза, пишува Блумберг.
– Мора да се направи понуда и да се поттикнат граѓаните да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда, ќе мора да плати казна, изјави австриската министерка задолжена за уставни прашања, Каролин Едштадлер.
Таа потврди дека казните ќе бидат од 1.500 до 3.600 евра во зависност од дозата.
– Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација, истакна Едштадлер.