Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да бидат подготвени на можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Кристијан Линдмајер.

Говорејќи на брифинг во Женева, тој рече дека Агенцијата се уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која е откриена во Јужна Африка.

„Силно се препорачува производителите на вакцини да почнат да планираат и дека веројатно ќе мора да ја приспособат постоечката вакцина“, рече Линдмајер.

Тој додаде дека „не треба да се чека да заѕвони алармот“.