Алтернатива влегува во Владата. Штотуку беше соопштена одлуката на партијата, а како причини за тоа беа наведени:
-решавање на спорот со Бугарија;
-меѓународна истрага за Монструм, Дива населба и неколку други случаи;
-економски развој на одредени региони како Липково и сл;
-заштита на семејството;
-заштита на цената на струјата;
-преземање обврски од страна на Алтернатива во здравството, борбата со криминалот и корупцијата, образованието, грижа за дијаспората итн.
Од Алтернатива не соопштија повеќе детали, како на пример што значи тоа „заштита на цената на струјата“ или преземање обврски во здравството (дали тоа значи смена на Филипче со Беким Сали). Но, најавија повеќе за утре во 13 часот кога во Клубот на пратениците ќе се сретнат уште еднаш Заев и Гаши.