Завршното коло од есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се комплетира денеска со пет натпревари од 13 часот.

Дерби натпреварот се игра на арената „Тодор Проески“ меѓу скопските ривали Работнички и Македонија ЃП, додека лидерот Шкупи му гостува на Борец во Велес.

Во воведниот натпревар од 18. прволигашко коло, Брегалница вчера триумфираше на гостувањето во Кавадарци над Тиквеш со 3:1.

ПМФЛ – 18 коло: Академија Пандев – Пелистер, Борец – Шкупи, Работнички – Македонија ЃП; Шкендија – Скопје, Струга – Ренова, Тиквеш – Брегалница 1:3 (одиграно во сабота).

Табела: Шкупи 39, Академија Пандев 32, Шкендија 31, Брегалница 29, Ренова 27, Македонија ЃП 24, Струга 23, Еаботнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.