Денеска членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори, се вели во четитката од бившиот претседател на партијата, до новиот партиски лидер Димитар Ковачевски.
Во продолжение целата честитка од бившиот лидер и премиер во заминување:
Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.
СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина.
Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на С. Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство.
Да живее СДСМ.