Духот на Македонија и на македонскиот народ е моќен и бесмртен, пишува македонскиот и хрватски поет, Алдо Климан, кој на својот профил на Фејсбук објавува македонска музика во изведба на хрватски ансамбл.
– Поздрав до секоја благородна македонска душа и до сите наши многубројни драги пријатели низ светот со најновата студиска снимка на „Мариовска тресеница“ во изведба на музичкиот ансамбл „Деспина“ од Пула. Во Хрватска вака искрено и предано се сака Македонија, и вака длабоко се почитуваат македонскиот народ и сето негово неизмерно оригинално културно-уметничко богатство, пишува поетот Климан.
Тој е познат хрватски и македонски интелектуалец, кој со пишан збор, а еве сега и со музика од македонското фолклорно богатство, праќа поддршка за Република Македонија и македонскиот народ низ светот.
Видеото може да го погледнете и да ја слушнете македонската музика во изведба на хрватски музичари ТУКА.