Тоа е највисок демократски стандард на македонската политичка сцена, со тајно гласање избравме нов лидер на партијата, објави денеска владејачкиот СДСМ за изборот на Димитар Ковачевски за претседател на СДСМ по оставката на Зоран Заев.
Го пренесуваме целото соопштение од СДСМ:
Над 44.000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори со тајно гласање го избраа новиот претседател на партијата.
Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена.
Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес каде се однапред се знаеше, со само еден кандидат одлучи да остане истата нереформирана партија.
Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана.
Центар за односи со јавноста на СДСМ