Германец кој се лизнал на скали и се повредил додека одел од креветот до својата домашна канцеларија добил квалификација како несреќа на работно место од страна на германскиот суд. Федералниот социјален суд наложил тој да добие компензација од својата фирма, откако си го повредил ‘рбетот дома.
– Ваква пресуда е донесена зашто тој бил на пат за работа, од спалната соба до домашната канцеларија еден спрат подолу, што спаѓа во рута што ја покрива работното осигурување. Тужителот претрпел несреќа на работа кога паднал додека одел кон својата домашна канцеларија тоа утро, образложува судот во својата одлука.
Неговата компанија досега одбивала да му исплати отштета.
Откако регионалниот социјален суд ја поништил пресудата на понискиот суд во полза на тужителот, федералниот суд заклучил дека одењето кон домашната канцеларија е првото нешто што го правел за да почне со работа.
– Тој вообичаено почнувал со работа пред појадокот. Ако осигурената дејност се врши во домот на осигуреникот или на друга локација, отштетата e иста како дејноста да се врши во просториите на компанијата, се вели во одлуката на судот.