Во илегален рудник за јаглен во Кина поплава зароби 21 рудар под земја, јави денеска Ксинхуа.
Поплавен е рудникот за јаглен Ксијаоџи во северната провинција Шанкси.
Акцијата за спасување е во тек, но тешко се спроведува бидејќи спасувачите немаат прецизна мапа на локацијата на рудникот.
Полицијата уапси седуммина осомничени и трага по други, меѓу кои и сопственикот на рудникот, кој, според печатот, е во бегство.