Две ракети ја погодија заштитената зелена зона во Багдад, каде се наоѓа Американската амбасада, при што е причинета материјална штета, но нема жртви, соопшти денеска ирачката армија.
„Еден проектил бил уништен од одбранбениот систем на Амбасадата C-RAM, додека другиот паднал во близина на Националниот споменик, предизвикувајќи штета на две цивилни возила“, се додава во соопштението.
Покрај Американската амбасада, во зелената зона се наоѓаат и други странски амбасади, како и зградата на Владата на Ирак.
Зоната често е мета на ракети и напади со беспилотни летала, за кои американските власти ги обвинуваат ирачките милиции поддржани од Иран.