Владиното тело „Тенис Австралија“ објави дека Новак Ѓоковиќ не се повлекол од АТП купот и покрај последните информации дека ќе го пропушти турнирот.

– Нема откажувања од страна на српскиот тим. Ѓоковиќ сега е во Белград. За патување во Австралија е потребна вакцина против коронавирус. Првиот светски рекет неколку пати одби да каже дали е вакциниран, соопшти портпаролот на „Тенис Австралија“, организација којашто управува со белиот спорт на далечниот континент.

АТП купот треба да се одржи од 1 до 7 јануари, а во втората половина на следниот месец ќе се игра Грен слемот Австралија опен.