Барањето за виза за влез во Австралија на Новак Ѓоковиќ му е одбиено. Со тоа, тој не ќе може да учествува на австралискиот турнир, бидејќи ќе мора да се врати во Србија.
Неговите адвокати поднеле жалба, така што тоа е последна шанса за Ѓоковиќ. Тој ќе остане во Мелбурн се до појавување пред судот.
Според извештаите, Ѓоковиќ не покажал доволно докази за неговото барање за медицинско изземање.
Во меѓувреме, српските медиуми шпекулираат дека Ѓоковиќ има ретка болест поради која вакцините можат да му штетат.
Драмата со Ѓоковиќ и неговото пристигнување во Мелбурн започна во 13.30 часот по средноевропско време, но набрзо беше испратен на испрашување бидејќи визата не му била валидна.
Испитувањето траеше шест часа, а останатото време Новак го помина во имиграциски притвор на аеродромот во Мелбурн, се до донесувањето на конечната одлука да не му се одобри визата.