Со песните, ‘The wind of change” и “Freiheit”, Германците секој ден демонстративно шетаат низ улиците, протестирајќи против ковид мерките.
Иако Германците важат за дисциплинирани, можете да забележите дека на овие „прошетки“ нема ни дистанца, ни маски.
Вчера, граѓаните на Минхен беа на улиците, а вечерва тоа го прават жителите на Хаген, Кил, Росенхајм итн.
Вчера, Германија пријави 63 191 позитивен и 431 починати од Ковид 19.
Тоа е 750 позитивни и 5 починати на еден милион жители, што во наши услови би било околу 1 500 позитивни на ден и 10 починати.