Тројца полицајци се обезглавени за време на протестите во најголемиот град на Казахстан, Алмати, кои избувнаа поради растот на цената на горивото, јавува Раша тудеј.
Веста за обезглавувањето прва ја објави казахстанската државна телевизија Кабар 24, која се повика на градските власти.
Досега во протестите во Казахстан загинаа 13 полицајци и чувари, а повеќе од 350 се повредени.
Не е познато дали полицајците биле убиени со отсекување на главите, или пак, откако биле убиени нивните тела биле осакатени.
Телевизијата Кабар 24, повикувајќи се на градските власти, објави дека „обезглавувањата се доказ дека демонстрантите се екстремисти и терористи“.
Руската новинска агенција РИА пишува дека и било потврдено дека во Алмати биле пронајдени најмалку две обезглавени тела.