Наполи по пауза од два натпревари забележа победа вечерва во рамки на 21. коло во Серија А, совладувајќи ја на домашен терен екипата на Сампдорија со 1:0 (1:0).

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, а имаше и неколку изгледни шанси да постигне гол, од кои најголемата беше во 55. минута кога неговиот удар за малку заврши крај голот на гостите од Џенова.

Триумфот на Наполи му го донесе Андреа Петања во финишот на првиот дел, а тимот на Неапол остана третопласиран на табелата со 43 бодови, пет помалку од лидерот Милан, кој претходно денеска со 3:0 славеше на гостувањето во Венеција.