Од полицискиот билтен на МВР може да се забележи дека полициските радари кои работат 24/7 се „најревносни“ во сузбивањето на прекршителите на редот и законот во Македонија.
Во билтенот секојдневно се објавуваат акциите на МВР во ловот на брзи, напиени и возачи кои ги прекршуваат законите во сообраќајот. Ги објавуваме денешните вести од работата на радарите и алко-тестовите на возачи низ Република Македонија:
Во државата санкционирани 181 возач поради пребрзо возење
Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач.
Како што информираат од МВР, едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
На територија на СВР Штип пак, вчера беа санкционирани 11 возачи кои возеле под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.
Санкции за 124 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на државата
Од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера од 21.00 до 03.00 часот беа санкционирани вкупно 124 возачи, во рамки на зајакнатата акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата.
Како што информираат од МВР, од нив 38 се на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Охрид, а 13 на територија на СВР Битола.
Од Министерството потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Санкционирани 149 возачи во Скопје, 34 за брзо возење
На територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.
Министерството за внатрешни работи најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта.
Девет казни за возење без возачка дозвола во Сингелиќ
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, од 21.00 до 23.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на oпштина Гази Баба, населба Сингелиќ, при што се санкционирани 29 возачи.
Од нив девет за возење без возачка дозвола, две возила со измината важност на регистрација…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.
Четиринаесет возачи добија прекршочни пријави заради управување моторно возило под дејство на алкохол
Четиринаесет возачи во Охрид се санкционирани поради управување моторно возило под дејство на алкохол.
Во рамки на зајакнатата акциска контрола на полицијата на територијата на СВР – Охрид спроведена ноќеска во периодот од 21 до три часот изутринава утврдено е присуство на алкохол кај 14 возачи. Против сите се поднесени соодветни прекршочни поднесоци.
Од полицијата најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и наредните денови, со апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.