На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, информираа денеска од МВР.
Изречени се 28 мерки за возење без возачка дозвола, 39 санкции за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваатљ од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.