Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, оцени бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание по церемонијата на положување заклетва на Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат како претседател и потпретседател на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот премиер, од една страна е подадена рака со одењето во Скопје, а од друга страна Северна Македонија испратила нота која Бугарија ја чека две години.

– Оваа нота вели дека Република Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија. Тоа е нешто многу нормално тие го кажат, но за оваа нота се разговараше и преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап ја добивме. Тука треба да се разбере дека вчерашната посета беше огромен успех, рече премиерот Петков.

Важно, според Петков, е и што за време на посетата е постигната согласност за авионска линија од Софија до Скопје.