Девојка на 24-годишна возраст вечерва го загуби животот кај „Сити мол“ откако била прегазена од автомобил.

Според првичните информации, во неа удрил 22-годишник кој возел тојота.

Девојката, која е од Радовиш, починала откако во неа удрило автомобилот додека таа го поминувала пешачкиот премин.

Со неа било и нејзиното момче, кое е повредено и префрлено во болница.