Како и секој четврток, Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ ) ја ажурираше картата на корона на ЕУ. Речиси цела Европа е во темноцрвена боја, освен два региони во Полска и еден во Романија.
Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.
Врз основа на оваа карта, секоја земја може да ги заостри или ублажи условите за влез на патници.
Веќе неколку недели нема зелена или портокалова зона, а како што можеме да видиме на овонеделната мапа, темноцрвената зона се шири во Европа и речиси и да нема земја што не е во оваа боја.
Само одредени региони на Полска и Романија се во црвено.
Updated 🚦 maps are online!
These maps aim to support the @EUCouncil recommendation on travel measures in the EU during #COVID19 pandemic.
Color-blind friendly map in the next tweet.https://t.co/CcBVx6B0o5 pic.twitter.com/hfyj9iFshi
— ECDC (@ECDC_EU) January 27, 2022