Снежната бура што во понеделникот ја зафати Атина, не ја заобиколи ниту Зоолошката градина која претрпе материјална штета и побегнаа 32 птици од загрозени видови, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Зоолошката градина соопштија дека поради обилните снежни врнежи на две локации се урнале решетките на кровот и побегнале два евроазиски бувови (Bubo Bubo) и 30 северни ќелави ибиси (Geronticus eremita), кои се загрозени видови и кои бараат посебни услови и посебен режим на исхрана за нивниот опстанок.
Паралелно ги повикаа граѓаните, доколку забележат некоја од птиците да ја информираат Зоолошката.