Возач на минубис на ФБ во живо ја пренесувал страшната сообрќајна несреќа во која загинале тој и неговите осум патници. Додека возел по унгарскиот автопат, романскиот возач вклучил пренос на ФБ.
Се изгледало сосема вообичаено додека ненадејно на неговата лента не се појавил камион кој директно удрил во минубсот. Загинале седум мажи и две жени додека возачот на камионот бил полесно повреден.
Романското министертсво потврдило дека сите девет загинати се романски државјани. Меѓу настраданите била и една трудница.
Градоначалникот на селото во кое живее возачот на минибусот потврдил дека станува збор за 38-годишниот Петар Залар.
-Четворица загинати се од нашто село. Се враќаа дома од фарма на хмељ во Словенија каде работеа, рекол Ладислау Шекелу кој додал дека сега бара начин како децата кои останаа без родители да бидат одгледувани.
Несреќата се случила на 65 км од Будимпешта.