Општина Тетово, заложувајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година, се вели во известувањето од општината.
Се работи за вкупно 811 договори на дело.
Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт.
На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави.
Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук.
Во врска со ова, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, искоментира:
„Градоначалникот Касами го објави списокот на луѓе кои од општина Тетово примале пари со договор на дело. Вкупно 811 договор на дело (за 406 луѓе), а многу од договорците не оделе на работа. Некој земал 9.000, некој 15.000, а некои по 25.000 денари месечно.
Богата Виена сигурно има помалку договори на дело за 2021 година, но можно е некој од овие и да живеел во Виена, а да си земал месечна бонус плата од општина Тетово во времето на Теута.“
Ова е линк со списокот на сите што во време на Теута Арифи односно во 2021 година добивале плата или надоемст од општината.