Кремљ ја осуди американската „хистерија“ околу Украина по разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џозеф Бајден, прецизирајќи дека двајцата одлучиле да ги „продолжат контактите“.

„Хистерија го достигна својот врв“, изјави за новинарите дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, но додаде дека „претседателите се согласиле да продолжат со контактите на сите нивоа“.

Ушаков рекол дека во последните денови и последните часови „ситуацијата е доведена до апсурд“ и додал дека телефонскиот разговор Путин-Бајден „бил доста избалансиран и професионален по природа“.

Пред да разговара со Бајден, Путин разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон.

Во тој телефонски разговор, рускиот претседател ги оцени како „провокативни шпекулации“ обвинувањата кон Русија за непосредна инвазија на Украина.

Белата куќа ја претставува руската инвазија на Украина како потенцијално прашање на денот, тврдејќи дека Русија распоредила повеќе од 100.000 војници на границите на Украина и дека спроведува маневри во Црното Море и Белорусија, де факто околу својот прозападен сосед.

Западњаците сакаат Русија да испрати сигнал за смирување на тензиите, која пак бара НАТО да не се шири во областа.