„МИ ГО СТОПЛИВТЕ СРЦЕТО“: Домот на културата во Кисела Вода го носи името на Билјана Беличанец

/ 15.02.2022

На Домот на културата во општина Кисела Вода е поставена нова табла и во иднина тој ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец.

Веста на својот фејсбук профил ја објави актерот Рубенс Муратовски.

„Општина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето“, напиша Муратовски на Фејсбук.

Низа актери колеги, како и пријатели и фанови, со позитивни коментари по оваа одлука на општината.

Билјана Беличанец беше македонска театарска, телевизиска и филска глумица. Во својата кариера имаше реализирани бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. На градоначалничката позиција во општина Кисела Вода беше во периодот од 2013 до 2017 година.

Две години по завршување на мандатот, во 2019 година беше пронајдена почината во својот стан. Според информацијата на полицијата, стануваше збор за самоубиство.


Од истата категорија