Извештајот на Европската комисија за напредок на земјава истакнува дека ги исполнува условите за старт на преговорите, но треба да продолжи со реформите за остварување натамошен напредок кон нивната имплементација во борбата против корупцијата и организираниот криминал, владеењето на правото, во изборното законодавство, реформите во јавната администрација, порача евроамбасадорот Ричард Гир.
-Мора да придонесете да се засили демократијата и владеењето на правото. Потребно е веднаш да го ревидирате Изборниот законик, да не се злоупотребува европското знаменце и да има помала употреба на закони по скратена постапка. Парламентот мора да ја засили својата улога и да има конструктивен дијалог меѓу партиите – порача Гир во Собранието.
Инаку, разгледувањето на Извештајот со задоцнување од речиси пет месеци од неговата презентација, како што истакна претседателот на Комисијата, пратеникот Арбер Адеми, е поради немањето услови за тоа заради одржувањето на локалните избори, како и поради изборот на новата Влада.