Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека САД имаат „причина да веруваат“ дека Русија е „ангажирана во операција под лажно знаме“.
„Секоја индикација што ја имаме е дека тие се подготвени да одат во Украина, да ја нападнат Украина. Моето чувство е дека тоа ќе се случи во следните неколку дена“, рече Бајден.
Тој додаде дека руските одговори се испратени, но се уште не ги прочитал.
Бајден истакна дека државниот секретар Ентони Блинкен денеска ќе оди во ОН со насоки дека постои дипломатски пат.
Американскиот претседател рече дека „нема планови да му се јави на Путин“.