Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд.

Епицентарот на потресот бил во близина на градот Бленхајм на Јужниот Остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.