Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше воените акции на Русија во Украина, велејќи дека тие ги прекршуваат меѓународните закони и претставуваат „тежок удар“ за регионалниот мир и стабилност.
Во обраќањето на меѓународниот собир во Анкара, Ердоган рече дека Турција, која ужива блиски врски и со Русија и со Украина, „искрено жали“ што двете земји војуваат една со друга.
Претходно Ердоган свика безбедносен состанок за да разговара за ситуацијата во Украина и телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Исто така украинскиот амбасадор во Турција ја повика земјата-членка на НАТО да го затвори сво