Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со војната во Украина, тврдејќи дека Албанија се солидаризира со украинскиот народ.
Тој на социјалните мрежи објави видео со настани од војната, хуманитарни активности и протести против руската агресијата врз Украина, и напиша дека е многу важно граѓанското општество да продолжи со хуманитарната помош.
-Албанија рамо до рамо со Украина, во целосна солидарност со напорите на народот кој херојски се бори да ја одбрани својата слобода по секоја цена. Го охрабрувам граѓанското општество да продолжи со хуманитарната помош. Застанете до Украина. Стоп за руската агресија (StandWithUkraine #StopRussianAggression), напиша Мета.
Со одлука на Владата Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, освен за оние летови кои се за хуманитарни и медицински цели или меѓудржавни потреби.
Воведени се и други економски санкции кон Русија кои ќе траат „сè додека Русија продолжува со агресијата врз Украина“. Исто така Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпрвар со Руската федерација.