Партијата Левица е отворено анти НАТО и анти ЕУ, а пак за Албанците ви гарантирам дека се прозападно ориентирани, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва за ТВ 21.
– Кога говориме за поларизацијата во општеството во врска со последните случувања или проруското размислување во јавноста. Видете ние како политичари имаме одговорност за креирање на јавното мислење затоа што симпатизерите го следат тоа што ние го пропагираме. Левица е парламентарна партија и нејзиниот лидер кој се идентификува со Фидел Кастро отворено говори на собраниска говорница дека е анти НАТО и Аанти ЕУ, сега изнесува и проруски ставови. Нема тука зошто да не се говори за тоа кога тие јавно го изнесуваат своето мислење, рече Џафери.
Тој беше гостин во емисијата Клик плус и изјави дека „за ВМРО ДПМНЕ не може истото да го каже но не може ни да исклучи дека може да има некои струи кои течат во таа насока“, но за Албанците е убеден дека се прозападно ориентирани.
– Кога се работи, пак, за Албанците ви гарантирам дека тие се прозападно ориентирани, изјави Џафери.