Во текот на денешниот ден почнаа да се шират неофицијални и се уште непотврдени информации дека цените на нафтените деривати од вторник ќе поскапат за дури 10 денари. Граѓаните панично започнаа да се упатуваат кон бензинските пумпи да стават горива по моменталната цена.
Од градот Штип до Курир.мк пристигнале фотографии од пред бензинските пумпи каде што има колона од возила кои чекаат ред за ставање на гориво.
Се поставува прашањето дали ни престои нов ценовен шок како за горивата така и за прехрабрените продукти.