Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви и кај трговците со деривати и во државните стокови резерви. Да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции на нафта и нафтени деривати, кажа министерот за екиномија Крешник Бектеши во денешното гостување во дневникот на Сител телевизија откако попладнево на дел од бензиските станици низ државата се создадоа колони на возила кои што чекаа на ред да наполнат готиво во своите резервоари.

– Се создава вештачка паника кај граѓаните што може дополнително да направи штета и дисбаланс на пазарот, изјави министерот Бектеши.

инаку редиците денеска се создадоа не поради страв дека ќе снема нафта, туку поради стравот од драстично поскапување на бензините, откако денеска, ОПЕК и Саудиска Арабија, одбија да го зголемат дневното производтсво за 2 милиони барели, колку што побара американскиот претседател Бајден.

Цената нафтата денеска беше 112 долари за барел, а се очекува да продолжи да се зголемува и во наредните денови и месеци поради војната во Украина и санкциите кон Русија.