Американската потпретседателка Камала Харис изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина ја зајакнал Северноатлантската алијанса.

– НАТО е посилно, а Русија е послаба поради тоа што го направи Путин. За нас тоа е многу јасно, истакна Харис на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава.