Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави во денеска дека сега е познато дека беспилотното летало кое минатиот четврток падна во Загреб долетувајќи од правец на Украина било вооруженио, со што ја демантираше малку претходно дадената изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Претходно во вторникот Столтенберг изјави дека сите досегашни индиции укажуваат на тоа дека беспилотното воено летало од советско производство „Ту-141 Стриж“ кое падна во Загреб не било вооружено и дека не станувало збор за вооружен напад.
„Леталото коешто панда во четвртокот, имајќи предвид дека имаше многу конфузија мораме да ги растеруваме и отстрануваме сите можни неточни информациии, беше вооружено. Не беше невооружено, туку беше вооружено. Знаеме сега, тоа не се знаеше во четвртокот вечерта, можеби не се знаеше во петокот, но сега се знае“, рече Пленковиќ на прес-конференција.
Хрватскиот премиер своето тврдење го поткрепи со фотографија коајшто, како што рече, покажува траги од бомба, односно експлозив кој бил пронајден.
Претходно поранешен воен хрватски пилот тврдеше дека не станува збор за бомба, туку за експлозивно полнење во леталото кое служи за ослободување од механизмите за снимање при паѓање и за самоуништување.
Пленковиќ, пак, на новинарско прашање како тоа во НАТО да ја немаат таквата информација дела дронот бил вооружен, одговори дека не му е јасно зошто челникот на Алијансата даде таква изјава.
„Не знам, тоа не ми е познато, не знам зошто генералниот секретар на НАТО воопшто денеска одговараше на прашања доколку ја нема последната информација. Можеби неговата информација останала од некој брифинг од пред неколку дена“, рече хрватскиот премиер.
Пленковиќ притоа истакна дека неговата земја сака „соработката со НАТО по ова прашање да остане транспарентна“.
„Ние ќе известиме што дознавме и што преземавме и што уште ќе преземеме“, рече Пленковиќ и повтори дека падот на беспилотното летало врз Загреб преставува „огромен и сериозен инцидент“.
Рече и дека надлежните служби работат на тоа за со сигурност да се утврди за кој тип бомба станува збор.
„Голема е среќа што во вака сериозен инцидент, голема закана за нашата безбедност, нема ранети и загинати“, рече Пленковиќ и додаде дека е добро што леталото се забило во земја, бидејќи со ударот во тврда подлога експлозијата би била посилна.
Потврди дека Хрватска не добила никакви известување за леталото пред нејзинотпо навлегување во хрватскиот воздушен простор, дека не се слушнал за тоа со унгарскиот премиер Виктор Орбан но дека министерствата за одбрана на двете земји комуницираат.
Минатиот четврток, беспилотното летало прелета од правец на Украина над Романија и Унгарија, пред да се урне во хрватскиот главен град Загреб откако во хрватскиот воздушен простор минало само седум минути.
НАТО соопшти дека го следел дронот „Ту-141 Стриж“ од советско потекло со часови, но не направиле обид да го соборат. Говорејќи во понеделникот, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека неговата влада е „цврст и лојален“ сојузник на НАТО, но на крајот треба да се потпре на сопствената противвоздушна одбрана.
Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ во неделата изјави дека дронот содржел „делови од бомби“ и траги од експлозив, што укажува дека не бил извиднички авион.