Украина никогаш нема да служи како полигон за закани кон Русија која нема намера да ја окупира соседната земја, рече во средата рускиот претседател Владимир Путин и посочи дека Москва е подготвена да разговара за воениот неутрален статус на Киев со цел да запрат непријателствата, но дека целите на воената операција која оди според планот ќе бидат остварени.
Путин рече дека Западот всушност ја прогласил Русија неспособна за плаќањата во рамките на новите наметнати санкции поради судирот во Украина, како и дека конфликтот бил всушност само изговор на Западот да ги воведе санциите кои имал претходно намера да ги наметне.
„Западот дури и не се труди да го сокрие фактот дека целта му е да ѝ нанесе штета на целата руска еконономија, на секој Русин“, рече Путин.
Во обраќањето до министрите кое го пренесуваше руската јавна телевизија, Путин порача дека Западот со своето непријателско дејствување само ќе ја зајакне Русија.
Потврдувајќи дека западните санкции сепак направиле штета, рускиот претседател рече дека инфлацијата и невработеноста ќе растат, но вети финансиски поддршки особено на семејствата со деца. Во економијата, исто така, ќе бидат потребни структурни реформи, оцени Путин.
„Да се држи Русија под контрола беше долгорочната политика на Западот, а неговите економски санкции беа кусогледи“, рече Путин обвинувајќи ги западните земји дека се влезени во информативна кампања без преседан против Русија и сѐ што е руско.
Западот нема да успее во обидот да оствари глобална доминација и командување на Русија, порача Путин. „Доколку Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија“, додаде рускиот лидер.
„Ние сигурно ќе ја осигуриме безбедноста на Русија и на нашиот народ и никогаш нема да дозволиме Украина да служи како отскочна даска за агресивни дејствија против нашата земја“, продолжи Путин.
Истовремено рускиот претседател истакна дека Москва е подготвена во текот на преговорите со Киев да разговара за прашањето на воено неутралниот статус на Украина, за нејзината демилитаризација и денацификација.
„Нашата земја направи сѐ за организирањето и спроведувањето на преговорите, сфаќајќи дека е неопходно да се искористи секоја можност за да се спасат луѓето и нивните животи“, рече Путин.
Ги обвини „западните покровители“ на Киев дека сѐ уште го поттикнуваат на крвопролевање, продолжувајќи да му испорачуваат офанзивно оружје и платеници.
„За нас, исто така, е очигледно дека западните покровители едноставно ги поттикнуваат киевските власти да продолжат со крвопролевањата. Им доставуваат уште нови пратки оружја, ги снабдуваат со разузнавачки податоци, им давааат и друга помош вклучително и со масовно испраќање воени инструктори и платеници“, рече Путин.
Рускиот челник на 24-ти февраури го нареди настапувањето на руската војска прво во источната украинска доминатно проруска област Донбас, како што рече поради заштита на населението од ескалацијата на нападите на украинските ултранационалистички и неонацистички воени формации. Подоцна офанзивата, којашто Москва ја нарекува „специјална воена операција“ за „демолитаризација и денацификација“ на Украина продолжи на целата украинска територија.
Путин рече дека на самиот почеток од операцијата во Донбас, на властите во Киев преку разни канали им било предложено да се избегне бесмисленото крвопролевање.
„Им беше предложено да не се впуштаат во непријателства, туку едноставно да ги повлечат своите војски од Донбас… Не сакаа! Но тоа е нивната одлука. Неизбежно ќе дојде свеста и сознанието за она што се случува во релната ситуација во земјата“, заклучи Путин.
„Појавувањето на руските војници во близина на Киев и другите градови во Украина не е поврзано со намерата да ја окупираме оваа земја. Ние немаме таква цел“, рече Путин отворајќи го состанокот со министрите постветен на социјалната и економска поддршка на населението и стопанството.
Зборувајќи за својата одлука за покренување на воените операции во Украина, Путин истакна дека спроед неговата процена целосно биле исцрпени можностите за решавањње на ситуацијата по дипломатски пат.
„Едноставно не ни оставија никакви опции за мирно решавање на проблемите кои се појавија не по наша вина. Во тој поглед, просто бевме принудени да ја започнеме специјалната воена операција“, додаде рускиот челник.
Путин во продолжение појасни дека тактиката на руските сили во текот на настапувањето целосно ја оправдала операцијата.
„Кога станува збор за тактиката на воение операции, којашто ја развија министерството за одбрана и генералштабот, таа целосно се оправда себеси… Нашите момчиња, војници и офицери покажуваат храброс и херојство, прават сѐ што е во нивната моќ да избегнат загуби меѓу цивилното население во украинските градови“, додаде Путин.