„Тие го засилија своето бомбардирање со цел да се скрши волјата на народот. Вчера, претседателот Бајден рече дека според него, во Украина се извршени воени злосторства. Лично, се согласувам. Намерното таргетирање цивили е воено злосторство. На крајот на краиштата, по уништувањето во изминатите три недели, тешко ми е да заклучам дека Русите постапуваат поинаку. Последиците од војната на Москва се чувствуваат ширум светот“, рече тој.
Блинкен, исто така, рече дека американските експерти се во процес на документирање и проценка на потенцијалните воени злосторства во Украина.
„Ќе се погрижиме нашите наоди да помогнат во меѓународните напори да се истражат воените злосторства и да се повикаат одговорните на одговорност “, рече тој.