Во сите држави од регионот цените на горивата растат, само кај нас се намалуваат како резултат на мерките на Владата предводена од СДСМ, се истакнува во денешното соопштение од владејачката партија.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ за „евтините горива“ во Република Македонија:
Ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата.
Додека насекаде во државите од регионот цените на горивата растат поради најголемата економска и енергетска криза, кај нас се намалуваат токму како резултат на овие мерки.
Преку антикризните мерки цената на бензинот веднаш се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Од полноќ дополнително се намалија цените на бензините за два денари по литар, а цената на дизелот се намали за три денари.
СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржув ање на економската стабилност.
Центар за односи со јавноста на СДСМ