Украинската армија ги потиснаа руските сили и сега линијата на фронтот е на околу 55 километри источно од центарот на Киев, изјави висок американски претставник на брифинг во Пентагон.
Тој додаде дека тоа е зголемување од 25 до 35 километри во споредба со вчерашната линија на фронтот.
Според него северозападно од центарот на Киев, руските сили „заземаат одбранбени позиции“. Тие остануваат на 15 до 20 километри од центарот на Киев на северозапад.
Тој посочи дека руските сили се поактивни во регионот на Донбас, источна Украина.