Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза, јави Би-Би-Си.
Канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјави дека многу земји се посветени да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас.
Четвртиот најголем производител на нафта во светот се обврза да извезе дополнителни 200.000 барели нафта.
Најголемата компанија за гасоводи во земјата „Енбриџ“ изјави за Би-Би-Си дека е подготвена да направи се што е можно за да ја зголеми енергетската безбедност и за Северна Америка и за Европа.