Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе, рече претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервјуто за магазинот Економист.

Во интервјуто, Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивната реакција на руската инвазија. Украинскиот претседател изјави дека Велика Британија дефинитивно е на украинската страна.

– Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе, одговори Зеленски кога новинарот на Економист му кажа дека британскиот премиер сака да испрати оружје повеќе од францускиот претседател Емануел Макрон.