САД ќе имаат свој претставник на средбата на министрите за надворешни работи на соседните земји на Авганистан, што ќе се одржи утре и в четврток во Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
Пакистан, Иран, Русија, Таџикистан, Туркменистан, како и Узбекистан, ќе имаат свои претставници на средбата.
Како што е најавено, средбата ќе се одржи во Тункси во централната кинеска провинција Анхуи, а ќе претседава кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.